Жителите на Окинава изгласаа да не се преместува американската воена база

Мнозинството жители на јапонскиот остров Окинава на референдум се изјаснија против планот за преместување на американската воена база на друга локација на островот, но централната Влада соопшти дека има намера да продолжи со планот.

Излезноста на овој незадолжителен референдум беше 53 отсто, а против премесување на базата Футенма во областа Хоноко на северениот дел од островот гласаа повеќе од 70 отсто од избирачите.

Жителите гледаат на базата како на непотребен товар и ја поврзуваат со злосторства и загадување и сакаат таа воопшто да не се наоѓа на островот.

Според договорот помеѓу Јапонија и САД, базата треба да се премести на северниот дел на островот, кој е помалку населен, за да не биде опкружена со болници и училишта, како што е тоа сега случај.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска изјави дека Владата сериозно ги сфаќа резултатите од референдумот, но дека не може да се откаже од плановите за преместување на базата.

– Не можеме да го избегнеме неопходното преместување на Футенма, за која се вели дека е најопасната база на светот, рече Абе, додавајќи дека договорот за преместување е постигнат уште пред две децении.

Гувернерот на Окинава, Дени Таматаки, пак, вели дека Владата мора да го прифати изборот на народот на Окинава.

Треба да знаете
Последни објави