Звиздиќ: Нема да бидеме собиралиште на мигранти на западен Балкан

Босна и Херцеговина нема да дозволи да стане собиралиште на мигранти на западен Балкан и било каква финансиска помош насочена кон тоа, нема да биде прифатена. Ова го изјави денеска во Сараево претседавачот на Советот на министри во БиХ, Денис Звиздиќ.

Тој потсети дека Босна засега има шест центри во кои можат да бидат сместени максимум 4.500 мигранти и дека само со овој број можат да се сносат и да управуваат центрите, имајќи го в предвид фактот дека за БиХ зачувувањето на безбедноста е најважното прашање, пренесе „Фена“.

Звиздиќ е дециден дека доколку границите кон ЕУ бидат целосно затворени, во тој случај и БиХ ќе оди во правец на затворање на границите.

Треба да знаете
Последни објави