Кошаркарите на КК „Ангели” во рамки на втората сениорска лига во Кисела Вода убедливо ја победија екипата на КК „Чаир 2030″, со резултат 94:54.
Клубот од Кисела Вода моментално се наоѓа на првото место на табелата. Следниот натпревар екипата на „Ангели” ќе го игра во Кавадарци против КК „Спортисимо”.