Косовец кој се барал по потерница уапсен на ГП Долно Блаце

Косовец кој се барал по потерница бил уапсен вчера на ГП Долно Блаце, информира МВР.

Според полицијата, вчера во 18.30 часот на ГП Долно Блаце за влез во земјава се пријавил В.Т.(32) од Косово, кој се барал по телеграма од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

Полицијата го привела В.Т. за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави