Скопјанец избоден со нож во кафеана во Хиподром

Скопјанец бил избоден со нож при расправија која настанала во кафеана во скопската населба Хиподром. Како што информира МВР, вчера во 15.05 во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населба Хиподром-Скопје, при меѓусебна расправија, Л.Ј.(64) од Скопје со нож во пределот на стомакот го прободел А.А.(39) од Скопје.

А.А. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Напаѓачот бил приведен во Полициската станица Гази Баба, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави