Хирургот Николовски не смее да врши интервенции надвор од „Јанита“, „д-р Митаноски“ не водел евиденција

Стручна комисија од министерството за здравство и МВР ќе го испитуваат случајот со Булент Ибрахим (39) од Ресен, кој по операција на хемороиди починал од сепса. Во меѓувреме од Држаниот здравствен инспекторат, кој во саботата ја затвори ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија „д-р Митаноски“ во населба Аеродром каде била направена интервенцијата не нашле никаква евиденција за изведени интервенции во нивните простории.

ДСЗИ забранил и на ПЗУ “Јанита” на доктор Звонко Николовски, кој го оперирал пациентот, да врши прегледи и интервенции надвор од просториите за кои има добиено дозвола, а треба во рок од три дена  да достави договор за изнајмување на операционата сала во „д-р Митаноски“ и колку интервенции досега направил таму.

Пациентот бил опериран од доктор Николовски во понеделникот во просториите на ординацијата на доктор Митаноски. По што дошло до влошување на неговото здравје, а во тешка состојба во четвртокот бил однесен во ГОБ 8 септември каде и починал најверојатно од сепса. По барање на семејството не била направена обдукција.

 

Треба да знаете
Последни објави