Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата на која требаше да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, што е на барање на Основен суд Скопје I Скопје, поради постоење на основно сомнение дека е сторено кривично дело-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Седницата продолжи по паузата од еден час, која ја побара независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, но координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицески побара дополнителна пауза од 45 минути, бидејќи Џафери претходно ја скратил за 15 минути паузата што ја барал.
Претседателот на Собранието даде кратка пауза за да се координираат координаторите на групите, за да продолѓи седницата и да се гласа до полноќ. Мицевски не му дозволи на Џафери да зборува, инсистирајќи дека според собранискиот деловник, мора да добие пауза, па претседателот на собранието ја прекина седницата.
Не е познато кога истата ќе продолжи.