На градскиот пазар во Тузла изби голем пожар, а засега не е познато дали има повредени, велат од институциите.
Во краток временски период, огнот зафатил поголем дел од пазарот, а причината за избивањето на пожарот уште не е позната, пренесе „Клих.ба“.
Сите расположливи противпожарни екипи се наоѓаат на терен и се обидуваат да го сопрат ширењето на огнот.