Двајца вооружени мажи ограбија телевизиска екипа во калифорнискиот град Оукланд, објави Еј-Би-Си.
Напаѓачите излегле од автомобил и побарале од новинарите на една од регионалните редакции на Си-Би-Ес, кои се подготвувале да снимаат телевизиска репортажа, да им ги дадат камерите и останатата техника.
Во тој момент, реагирало обезбедувањето на новинарите, кој бил застрелан од напаѓачите, но не е животно загрозен.
Напаѓачите избегале со автомобилот и техниката на новинарите.
Подоцна полицијата уапси неколку лица.
– Дел од украдената техника е најдена, но истрагата продолжува, велат од полицијата во Оукленд.