Вучиќ ќе одговара на прашања кои граѓаните ќе му ги постават на Инстаграм

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во сабота од 11 часот ќе одговара на прашања што граѓаните можат да му ги испратат во директна порака на официјалниот профил на Инстаграм „buducnostsrbijeav“, пренесуваат српските медиуми.

За да постават прашање до Вучиќ, граѓаните ќе треба да го заследат неговиот инстаграм профил.

Профилот е отворен во пресрет на почетокот на кампањата „Иднината на Србија“, за време на која Вучиќ ќе ги посети сите 29 окрузи во Србија со цел пред граѓаните да ги презентира резултатите, плановите, но и да ги чуе нивните забелешки.

Треба да знаете
Последни објави