Гостиварец ја уценувал девојката со компромитирачки фотографии

Дваесет и двегодишна жителка на гостиварското село Балиндол, вчера го пријавила дека нејзиното поранешно момче  за уцена.
Од СВР Тетово информираат дека Б. Д. (22) од Гостивар во повеќе наврати и барал пари и накит и дека во спротивно на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина, кои порано таа му ги испраќала.
На овој начин осомничениот успеал од оштетената да одземе околу 400 евра. Последниот пат и побарал 1.000 денари, девојката го пријавила, а банкнотата која му ја предала била претходно обележана. По приемот на парите, осомничениот бил задржан и кај него била пронајдена обележаната банкнота.
Пријавениот Б. Д. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.

Треба да знаете
Последни објави