Жена од Вараждин добила речиси 11 илјади евра поради пад на мраз

Општинскиот суд во Вараждин објави неправосилна пресуда со која на тужениот Град Вараждин му налага на тужителката Ш.К. да и исплати повеќе од 80.000 куни (околу 11.000 евра), објавија локалните медиуми, а пренесе порталот „Индекс.хр“.

Се наведува дека жената ја поднела тужбата против градот, бидејќи на 28 јануари 2014 година, движејќи се по пешачка патека на улицата „Браќа Радиќ“ во Вараждин, во областа пред трговскиот центар „Конзум“, се лизнала и паднала на мразот кој се наоѓал по целата површина на пешачката патека.

По падот, на жената и помогнале случајните минувачи. Таа пред судот рекла оти смета дека мразот се формирал поради снегот што паднал три дена претходно, односно дека ден претходно температурата била длабоко под нулата, па мразот се формирал поради нерасчистениот снег.

Се тврди дека при падот, жената ја скршила десната нога, го шинала зглобот на ногата, а повредила и зглоб на раката и нејзината дланка. Таа била оерирана истиот ден, а морала да направи и уште два операции во текот на 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави