Полицијата уапсила кичевец во чиј дом била пронајдена хероин, марихуана и метадон.
Станува збор за Ќ.Х.(48) од Кичево. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево против Ќ.Х. поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
Полицијата во саботата извршила претрес во домот на пријавениот и пронашле и одзеле хероин, марихуана и метадон.