Жозе Мурињо го користи слободното време без тренерски ангажман за да биде дел од ексклузивните емисии на светски познати телевизии, но исто така е расположен и за давање изјави со кои и натаму останува популарен во јавноста.
Португалскиот стручњак трпеливо ја чека вистинската понуда со која ќе се врати на тренерското столче, но во меѓувреме, во разговорот кој го имаше со новинарите на угледен таблоид се обиде да го издвои клубот во кои ги доживеал најидеалните услови за работа.
Мурињо работеше во Порто, Челси, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но сепак како што вели тој, најдобрата атмосфера ја доживеал во Интер, клуб на кој му ја донесе историската „триплета“.
– Никогаш нема да одам во клуб без амбиции. Пред извесно време одбив една многу богата понуда, но јас сакам да бидам на место кадешто се игра врвен фудбал. Идеален клуб беше она што го доживеав во Интер. Клубот имаше амбиција, луѓето сакаа да работат за мене и искрено уживав во работата. Тоа беа идеални услови, – порачува Мурињо.