Албанец, Србин и државјанин ан Босна и ХЕрцеговина биле уапсени вчера вечерта на ГП Табановце откако полицијата кај нив пронашла околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.
Како што информира МВР, полициски и царински службеници извршиле преглед на патници и автобус „мерцедес“, сопственост на правно лице од Струга, при што пронашле и одзеле околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.
Поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, од слобода биле лишени патниците Ф.Г.(42) од Албанија, Д.М.(21) од Босна и Херцерговина и Д.П.(42) од Србија.
Тројцата биле предадени во ПС Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување наслучајот.