(Видео) Владина делегација и високи странски политички претставници положија цвеќе на гробот на Борис Трајковски

Владина делегација положи венец од свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски на гробиштата во Бутел, по повод одбележувањето на 15 годишнината од неговата трагична смрт.

Делегацијата ја предводеше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, a со него беа и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и националниот координатор за подготовка за членство во НАТО, Стево Пендаровски.

Свежо цвеќе положи и делегација на Собранието предводена од Претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Почит оддадоа и многу странски делегации, а свежо цвеќе положија и поранешните претседатели на Албанија и Хрватска, Алфред Мојсиу и Стјепан Месиќ, Симеон Саксобурготски – поранешен премиер на Бугарија, како и Ален Ле Роа, француски дипломат и поранешен генерален Секретар на Европската служба за надворешно дејствување.

 

Треба да знаете
Последни објави