(Видео) Третиот човек на Ватикан осуден за злоставување деца

Кардиналот Џорџ Пел (77) е осуден во Австралија за сексуално злоставување двајца малолетници, соопшти судот во Мелбурн.

Пел, кој е инаку трет човек во Ватикан, е осуден во декември минатата година за злоставување на две 13-годишни момчиња во 90-ите години, но судот забрануваше пресудата да биде објавена, сè до денес. Кардиналот тврди дека е невин и вложил жалба на пресудат. Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск во декември лани отстрани од неговиот неформален кабинет тројца кардинали, од кои едниот беше Пел.

Треба да знаете
Последни објави