Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го прекина говорот на самитот ЕУ-Арапска лига во Шарм ел Шеик за да и се јави на својата сопруга на телефон.
Додека другите учесници на конференцијата, меѓу кои и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, гледаа во него, Јункер неколку пати ја завлече раката во џебот за да го исклучи телефонот. Меѓутоа, кога телефонот заѕвони и по трет пат, тој го прекина говорот за мировниот процес и трговијата со Блискиот Исток, им се извини на присутните и се јави на неговата сопруга, објави „Дејли Мејл“.
Тоа беше вообичаениот осомничен – мојата сопруга. Морав да прекинам овде, зошто таа немаше прекине“, рече Јункер, на што присутните се насмеаја.
Лидерите на земјите на ЕУ и Арапската лига на самитот во Шарм ел Шеик се договорија за зајакнување на соработката во борбата против тероризмот и борбата против илегалната миграција.