Иво Вајгл нема да се кандидира на изборите за Европскиот Парламент

Словенечкиот европарламентарец Иво Вајгл нема да се кандидира на изборите за Европскиот Парламент. Вајгл беше известувач за Македонија во ЕП, а беше дел и од дијалогот Жан Моне, покрај Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Тој веќе отслужи два мандати во Брисел. Изборите во ЕП ќе се одржат на 26 март, а Вајгл изјавил дека одлучил дека е време да им се посвети на други работи во животот.

Вајгл беше член на Надворешнополитичкиот одбор во ЕП, а беше избран од листата на Демократската партија на пензионери на Словенија.

Треба да знаете
Последни објави