Косово поднесе ново барање за прием во Интерпол

Заменик-косовскиот министер за внатрешни работи, Изми Зека потврди дека приштинските власти повторно поднеле барање за членство во Интерпол.

„РТК2“ пренесе дека Зека за „Радио Слободна Европа“ на албански јазик, изјавил оти барањето било поднесено на 31 јануари, годинава.

„Интерпол потврди дека го примил барањето на Косово. Сега постојат технички прашања и политички апсекти кои Косово треба да ги направи во согласност со своите дипломатски обврски, такашто кога ќе се одржи седницата на Интерпол, тогаш ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Меѓутоа, веруваме дека оваа година ќе има поголем ангажман Косово да биде рамноправно со другите земји и ќе има директен пристап во Интерпол“, рече Зека.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави минатата недела Косово повторно поднело барање за членството во Интерпол и додаде дека не ја разбира потребата од такви самоубиствени потези, пренесе „Танјуг“.

Треба да знаете
Последни објави