Коцијанчич: Договорот меѓу Белград и Приштина е итен

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Кочијанчич денеска изјави дека во тек се напори за постигнување на договор помеѓу Белград и Приштина, кој би гарантирал одржливо решение, објави приштинскиот „Зери”.

Според неа, таквиот договор е итен и одлучувачки и за Србија и за Косово.

– Се работи на постигнување на правно обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите, кои што ќе донесат одржливо решение за нерешените прашања, одржливо и реалистично решение засновано на заеднички договор и во согласност со меѓународните закони и ЕУ, кој би бил прифатлив и за земјите членки на ЕУ, посочи рече Коцианчич.

Треба да знаете
Последни објави