Краткотрајна анестезија не штети во развојот на мозокот на бебето

Примена анестезија за кратка операција не штети во развојот на мозокот на бебето, покажа најново истражување во кое беа вклучени неколку стотици бебиња во седум земји ширум светот.

Иако истражувањето не може да одговори на сите прашања поврзани со безбедноста во врска со повторена или продолжена анестезија, резултатите може барем да им ги олеснат грижите на милиони родители ширум светот чии деца требало да примат анестезија поради вообичаени хируршки зафати.

„Овие резултатите би требало да дадат охрабрување. Еден час под општа анестезија е апсолутно безбедно време за вашето дете во најранливата возраст“, вели докторка.

Во истражувањето беа вклучени 447 бебиња болни од кила (хернија). На бебињата, главно машки, им била ставана и општа и локална анестезија, наизменично. Бидејќи и двете техники се користат често кога се во прашање хируршки зафати, истражувачите без етички проблеми можеле да го спроведат експериментот.

Тие откриле дека нема цврсти докази за штетно влијание на анестезијата на развојот на мозокот кај децата до две години.

Исто така, на возраст од 5 години децата правеле тестови за мерење на интелигенцијата и просечните оцени и во двете групи биле во рамките на нормалното.

Родителите не пријавиле појава на аутизам или какви било пречки во развојот, говорот или когнитивните способности на децата.

Со оглед на тоа дека 84% од бебињата во истражувањето биле машки, не е познато какви би биле резултатите кога повеќето испитаници би биле женски.

Во истражувањето, бебињата биле под анестезија помалку од еден час. Подолга изложеност на анестезијата би можело да биде поопасно, како и анестезија за повеќекратни операции,вели таа.

Треба да знаете
Последни објави