Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во своето прво интервју со американски радиодифузер во последниве години.ги обвини САД дека се обидуваат да фабрикуваат криза за да започнат војна во Јужна Америка.
„Сето она што го направи владата на САД е осудено на неуспех. Тие се обидуваат да измислат криза за да ја оправдаат политичката ескалација и воена интервенција во Венецуела за да почнат војна во Јужна Америка”, изјави Мадуро за „Еј-би-си њуз“.
Мадуро, исто така, го критикуваше неодамнешниот состанок на групата Лима во Богота како дел од таа политика да се воспостави паралелна влада во Венецуела, нагласувајќи дека САД ја сакаат венецуелската нафта и се подготвени да одат во војна за таа нафта