Шумар бил тешко повреден додека извршувал работни задачи, вчера во месноста Голем Љубуш кај Кавадарци.
Според полицијата, станува збор за Ѓ.С.(56) од Кавадарци, вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Бор“ кој вчера околу 14 часот бил донесен со повреди во болницата во Кавадарци.
По укажаната помош, тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Според пријавата, Ѓ.С. се здобил со повреди додека извршувал работни задачи истиот ден околу 11 часот на место викано Голем Љубаш.
Увид на местото извршила увидна екипа од ПС Кавадарци. Се работи на расчистување на случајот.