„Ничија земја“ на Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов е претставата која публиката ќе може да ја види утревечер (27 февруари) со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар.
“Драмската поставка, адаптирана според филмското сценарио на Данис Тановиќ претставува слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во „воени“ услови. Братоубиството е дел од битисувањето на народите на ова проколнато парче земја, каде што секој секому е подалечен роднина, секој секого разбира, каде што секој секого мрази и љуби, едновремено. Во случајов завојуваните страни се Бошњаците и босанските Срби, тие војуваат, но не можат точно да утврдат зошто и како започнало се – се прашуваат, но не наоѓаат одговор. Но продолжуваат да се убиваат… “, стои во најавата на МНТ.
Во претставата играат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски…