Владата на 123-тата седница ја разгледа и го прифати усогласениот текст на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки, и го овласти министерот за образование и наука Арбер Адеми да ја потпише.
– Според Министерството за образование и наука, со оваа Спогодба во голема мерка ќе се унапреди и прошири соработката на билатерален план со Република Франција во областа на двојазичната настава и ќе се подигне нејзиниот квалитет со имплементирање на европските искуства, соопшти владината прес-служба.