Шеесетиосумгодишниот Џун-Чул Чунг и неговата ќерка Кетлин Чунг (36) во Канада се осудени на седум и четири години затвор и парична казна од 4,6 милиони долари, поради кражба на лото ливче. Десет месеци казна доби и нејзиниот брат.
Вистинскиот добитник на лотото, добил заработувачка од 12,5 милиони долари, плус камата. Тој ја поделил наградата со шестмина негови колеги кои биле дел од лото играта.
Судот им нареди на таткото и ќерката, секој од нив да плати по 2,3 милиони долари, износот што остана од победничкото ливче, откако судот претходно запленил околу 8 милиони долари.
Судот тврди дека измамниците ја искористиле добивката за да купат куќа и луксузни автомобили.