Тачи за корекцијата на границите: Ако не помине во парламентот, ќе распишеме референдум

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека ако Прешево, Медвеѓе и Бујановац со договорот со Србија се приклучат кон Косово, а косовскиот парламент не го одобри тоа, ќе биде организиран референдум или тој ќе поднесе оставка.

Гостувајќи во емисијата „Рапорт тв“, Тачи порака дека приклучувањето на Бујановац, Медвеѓе и Прешево може да биде дел од договорот со Србија и дека во тој случај тоа нема да биде кршење туку менување на уставот.

„Ќе постигнеме договор, ќе го предложиме со парламентот. Ако Бујановац, Медвеѓе и Прешево со договор се приклучат кон Косово, а парламентот е го одобри тоа, јас ќе поднесам оставка или ќе распишам референдум“, порача Тачи.

Смета дека референдумот би бил успешен бидејќи, како што вели, 99 проценти од луѓето во Бујановац, Медвеѓе и Прешево сакаат да се припојат кон Косово, додека помеѓу 75 и 80 отсто од жителите на Косово ја делат истата желба.

Тој негира дека договорот би можел да подразбира одрекување од дел од делови од териториата на Косово.

Треба да знаете
Последни објави