Терористи сакаа да направат селфи, па направија кобна грешка: Целата екипа одлета во воздух!
На интернет се појави видео кое наводно покажува осум сириски терористи како прават селфи.
Мажите, кои наводно се припаднции на Слободната сиријска војска, се гледаат собрани околу камерата со пушки, снимајќи она што се вика пропагандно видео.
Еден од мажите од левата страна држи мобилен телефон во воздуг за да направи селфи снимка.
Како што кликнува фотоапаратот, изгледа дека телефонот наводно бил наместен на импровизирана експлозивна направа која предизвикува експлозија.
Камерата паѓа на под по експлозијата,а пламенот и чадот ја исполнуваат просторијата додека некои мажи се гледаат како ја прескокнуваат опремата и се обидуваат да побегнат.
Се слуша маж кој вика „Алах Акбар“ додека бега.
За видео снимката не е потврдена автентичноста и не е познато дали некој од мажите е повреден во нападот.