Mинистрите на владина седница ја прифатија информацијата во врска со потпишување на билатерална Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на нов граничен премин во регионот на Преспанското Езеро кај месноста „Маркова Нога“.
Според министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, отворањето на овој граничен премин ќе ги зајакне врските меѓу двете земји и ќе ја олесни комуникацијата и движењето на луѓе и стоки.
„Во духот на европските вредности, прекуграничната соработка подразбира намалување на бариерите за соработка меѓу земјите и луѓето во регионот, заради обезбедување на услови за подинаминачен развој. Станува збор за прекуграничен регион, што стагнира во развојот. Убеден сум дека со наша иницијативност и со подршка од Европската Унија, ќе успееме да создадеме услови овој приреден потенцијал да биде ставен во функција на развојот на регионот и на граѓаните кои што живеат на двете страни од границата“, рече Фазлиу на состанокот на работните групи на техничко ниво од Македонија и од Грција, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија.
Изградбата на граничниот премин треба да заврши до 2023 година.