Хороскопски знаци со највисока емоционална интелигенција

Ако се одликувате со високо развиена емпатија, грижа за туѓите чувства и обѕир кон другите, тоа може да биде показател дека поседувате висока емоционална интелигенција.

 

Иако таа се мери со одредени психолошки тестови, астролозите тврдат дека одредени хороскопски знаци се посебни по таа карактеристика.

Еве за кои знаци во Зодијакот станува збор:

1. Близнаци

Близнаците никогаш не се обидуваат да ги потиснат или игнорираат своите чувства, особено негативните. Токму затоа спаѓаат меѓу емоционално најинтелигентните луѓе. Проблемите ги решаваат на свој, посебен начин, а кога нешто ги мачи брзо ќе се отворат и нема ништо да премолчат. Понекогаш знаат да бидат непријатни кога ќе се спротивстават, но никогаш нема пасивно да му пристапат на проблемот и да го стават под тепих, само за да избегнат непријатни последици.

2. Рак

Раковите се посебни по тоа што на другите им влеваат доверба и им даваат чувство дека со нив можат да разговараат за своите чувства. Раковите умеат добро да слушаат, сакаат да им помагаат на другите барајќи решение за нивните проблеми. Уживаат во емоционалната врска со другите, а тоа го манифестираат со емпатија и поврзување со чувствата на другите.

3. Девица

Девиците се еден од најемотивните знаци во Зодијакот. Тие имаат аналитички ум поради што сè можат да разложат во детали. Поради тоа лесно разликуваат што им треба од тоа што навистина сакаат и се обидуваат да се разберат себе си со лична анализа, но и на другите.

Своите емоции се трудат да ги зачуваат за себе, но исто така имаат разбирање и за туѓите.

4. Вага

Вагите се емоционално интелигентни бидејќи знаат да ги читаат луѓето. Тоа значи дека без проблеми читаат меѓу редови и јасно го разбираат невербалниот говор на соговорникот. Многу се интуитивни и го слушаат својот внатрешен глас па ретко реагираат нагло и не носат непромислени одлуки.

5. Риби

Рибите важат за најемпатичниот знак, секогаш се трудат да размислуваат од туѓа перспектива и знаат како и што да кажат некому. Лесно се прилагодуваат и ретко се тврдоглави, многу лесно можат да го сменат мислењето бидејќи размислуваат како би им било да се во „туѓа кожа“.

Треба да знаете
Последни објави