Состанок меѓу Мадуро и Трамп ќе ја реши кризата во Венецуела

Состанок помеѓу венецуелскиот претседател Николас Мадуро и американскиот претседател Доналд Трамп ќе помогне во решавањето на политичката криза во Венецуела, изјавивенецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареацапренесува ТАСС.

Средба меѓу Мадуро и Трамп ќе реши сè бидејќи Мадуро е шеф на државата во Венецуела, а Трамп е шеф на опозицијата во Венецуела. Зошто не се сретнат?”, вели Ареаца.

Во исто време, Ареаца посочи дека мора да седнат на иста маса и со опозицијата, но нагласи дека ваквиот дијалог е малку веројатен поради позицијата на Белата куќа во САД со која сеспречува опозицијата да преговара со Мадуро.

На 23 јануари, претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, се прогласи себеси за привремен претседател. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го опиша потегот како обид за државен удар и најави прекин на дипломатските односи со САД. На 28 јануари, САД наметнаа санкции за венецуелската државна нафтена компанија ПДВСА.

Треба да знаете
Последни објави