Арсовски: Шахпаска ја вработила золвата, а Чичаковски братучетката

Власта е оперирана од срам и морал. Затоа речиси и да нема функционер што не е заразен од епидемијата на непотизам, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој денеска обвини дека пратеничката Јагода Шахпаска си ја вработила својата золва, Маја Двојаковска во општина Берово, а потоа го вработила и нејзиниот сопруг во Македонски шуми по договор на дело.

„Најверојатно планот ѝ бил да добие решение после изборите“, рече Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ како пример за непотизам ги посочува и поранешниот претседател на ДИК, Александар Чичаковски кој, како што тврди, си ја вработил својата прва братучедка Емилија. Опозицијата го обвини и Пеце Мирчевски, директорот на СОЗР дека си го вработил својот шура, како инспектор во МВР.

-Нема што повеќе да се каже. Целата јавност го гледа лицемерието на СДСМ. Едно збореа пред изборите, друго сега прават. Жалосно е што за сметка на функционерите на СДСМ и нивните роднини, останатите обични граѓани се принудени да си го бараат своето чаре надвор од државата“, истакна Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави