Украина ја повлече својата учесничка за Евровизија поради тензиите на земјата со Русија.
Откако победи на националниот избор во саботата, на пејачката Марув ѝ бил даден договор од националната телевизија според кој ѝ се забранува да настапува во Русија. Пејачката не го потпишала договорот и поради тоа таа е повлечена и нема да ја претставува Украина на Евровизија.
26-годишната Марув, чие вистинско име е Ана Корсун, рекла дека е спремна да ја откаже следната турнеја во Русија, но дека некои одредби од договорот биле цензура.
„Јас сум државјанка на Украина, плаќам даноци и искрено ја сакам Украина. Но не сум спремна да им се обратам на луѓето со слогани, претворајќи го своето учество во натпреварот во промоција на нашите политичари. Јас сум музичарка, а не палка за бејзбол на политичката сцена“, напиша таа на „Фејсбук“.