СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.И.(44) Куманово, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и даночно затајување.
Кривични пријави се поднесени и против приватна аптека „Шенди Фарм“ од Куманово за производство и пуштање во промет штетни средства за лекување и за даночно затајување.
Истрагата утврдила дека сопственикот во периодот од 3.7.2014 до 11.12.2014 година, во 11 наврати од веледрогерија од Куманово набавил 14.100 кутии опијатен аналгетик Трамадол, по што набавената количина воопшто не ја прикажал во материјално книговодство во текот на 2014 година, односно продажба на наведената количина на опијатен аналгетик не ја извршил преку неговата аптека, издавајќи го истиот без задолжителни специјалистички рецепти.
На овој начин првопријавениот избегнал плаќање на данок од 58.515 денари за кој износ е оштетен Буџетот.