Италијанската фудбалска федерација го суспендира судијата Росарио Абисо поради контроверзната одлука во натпреварот од 25. коло во Серија А меѓу Фиорентина и Интер.
Абисо им додели пенал на фудбалерите на Фиорентина во 96. минута од средбата, за наводното играње со раката на Данило Д’Амброзио во својот шеснаесетник.
По петминутна пауза и прегледување на ВАР снимката одлуката не беше промената, Фиорентина го реализира пеналот и избегна пораз.
Казната за Абисо е три кола. Тој нема да може да суди до 24 март. Покрај тоа, тој нема да биде делегиран на натпреварите на Интер до крајот на сезоната.