Холандските цариници во Ротердам пресретнале пратка од околу 90 илјади шишиња со руска вотка за кои има сомненија дека требало да бидат шверцувани во Северна Кореја и покрај санкциите на Обединетите нации, соопштија денеска холандски официјални претставници.
Холандскиот весник „Algemen dagblad“ денеска објави за ваквото откритие, а портпаролот на Карин Раул Велеман, ги потврди наводите, објави агенцијата АП.
Велеман и холандското министерство за надворешни работи одбија да кажат зошто холандските власти сметаат дека вотката била наменета за Северна Кореја.
Министерот за трговија на Холандија, Сигрид Каг, им честиташе на царинските службеници за пресретнувањето на товарот, велејќи дека советот за безбедност на ОН наметнал многу јасни санкции за Северна Кореја и важно е истите да се применуваат.
Вотката била откриена минатата недела на пристаништето во Ротердам на кинески товарен брод.