Елизавета Пескова, ќерката на Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, ја обезбеди работата како приправник во законодавниот дом на ЕУ.
Десничарскиот француски пратеник, Емери Шопрад, кој ја вработил во својот кабинет, рекол дека таа е приправник кој студира право и меѓународни односи во Франција, објави агенцијата АП.
„Европскиот парламент го потврди договорот и сите постапки се испочитувани“, рече Шопрад, додавајќи дека критиките доѓаат од русофобни кругови.
Европскиот парламент претходно соопшти дека приправниците немаат пристап до чувствителни информации.
Веста за приправничката позиција на ќерката на Песков, најпрво ја пренесе „Радио слободна Европа“.