Најмалку 10 лица гo загубија животот, а 22 се повредени во пожар на главната железничка станица во Каиро, пренесуваат светските медиуми.
Причина за пожарот била експлозија на резервоарот за гориво на воз што се движел кон станицата од центарот на Киро, објави агенцијата АП.
Директорот на градската болница, Мохамед Саид, рече дека очекува бројот на жртви да биде поголем.
Густ облак од црн чад ја покрил областа околу железничката станица.