Состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница

Во Софија вчера и денес се одржа редовниот состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување и обележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско-бугарската државна граница.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, македонската делегација ја предводеше државниот секретар во МНР и претседател на Делегацијата на Република Северна Македонија во Мешовитата комисија Виктор Димовски.

– На состанокот беа разгледани реализираните активности во врска со изработката на граничната документација од Гранична пирамида 72 до Граничната пирамида 106, како и активностите за извршеното чистење на потегот од три метри од македонско-бугарската државна граница и определувањето на координатите на граничните пирамиди и граничната линија од Граничната пирамида 1 до Граничната пирамида  50, а воедно беа договорени и активностите кои треба да бидат превземени од страна на Мешовитата комисија во 2019 година, се наведува во соопштението на МНР.

Наредниот состанок на Мешовитата комисија за чување, одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница ќе биде одржан во Скопје, Република Северна Македoнија.

Треба да знаете
Последни објави