Турската војска денеска започна најголеми морнарски вежби во историјата на државата, со повеќе од 100 бродови, во придружба на дронови, хеликоптери и авиони, потврди турското министерство за одбрана за ДПА.
Ова се први вакви вежби, кои Турција симултано ги изведува во три мориња – Црното, Егејското и Средоземното море, а ќе траат до 8 март, соопшти министерството.
Вежбите се одвиваат во екот на долготрајниот спор меѓу Турција и Грција за сувереното право во Егејското море и тензиите поради подморските истражувања во потрага за природен гас на двете страни на Средоземното море меѓу Крит и Кипар.
Во вежбите, под името „Сина татковина“, учествуваат 103 воени бродови, вклучително и 21 чамец и 13 фрегати, објави државната новинска агенција „Анадолија“. Целта на вежбите е подобрување на нивото на подготваност на поморските сили за воена акција, како и подобрување на заедничките оперативни вештини на земјата, во море и воздух.