(Видео) Протести во Грција против преспанскиот договор, има повредени

За време на протестите на помала група граѓани против преспанскиот договор, повредени се четворица полицајци и еден демонстрант во грчкиот град Птолемаида, јавуваат грчките медиуми.

До судир помеѓу полицијата и демонтрантите дошло додека грчката министерка за цивилна заштита, Олга Геровасили, присуствувала на состанок во градот.

Полицијата употребила солзавец, а повредените биле префрлени во болница.

Министерката за цивилна заштита на нејзиниот официјален Фејсбук профил напиша дека на поканата на радикалните десничари се огласиле само 15 лица и пратеникот од Златна зора, Христос Папас.

„Граѓаните од Птолемаида им завртија грб. Им завртија грб на насилството и нетолеранцијата“, напиша Геровасили по инцидентите.

Треба да знаете
Последни објави