Десет неисправни автобуси биле откриени во акција на сообраќајната полиција во Штип. Акцијата била извршена утрово од 7 до 10 часот.
Во засилената акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници, биле контролирани 27 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз.
Кај 10 возила е утврдена неисправност на уредот за запирање, поради што се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози.