Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс” објави дека од 6 април годинава ќе лета двапати неделно на линијата Цирих – Охрид и обратно.
„Еделвајс” ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродормот „Св. Апостол Павле” секоја сабота, а од јули до август и секој вторник.
Линијата ќе ја опслужува со авион од типот „Ербас А 320″.
На македонскиот пазар „Еделвајс” веќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје од каде лета до Цирих и обратно.