Очекуваниот со интерес боксерски натпревар во тешка категорија меѓу светскиот шампион во ВБЦ верзијата, Дионтеј Вајлдер (САД) и поранешниот светски шампион Тајсон Фјури (Велика Британија) се одложува за по натпреварот на Англичанецот против уште непознат ривал, соопштија од Светскиот боксерски совет.
Вајлдер и Фјури не се победија во судир на 1 декември во Лас Вегас, во кој Британецот во целост ја контролираше средбата, иако беше пратен двапати во нокдаун.
Од ВБЦ соопштија дека Вајлдер ја потврдил својата желба за реванш, но од таборот на Фјури имаат желба тој да се бори во друг натпревар, по кој да се сретне со Американецот на подоцнежен датум.
Промоторите на двајцата боксери водеа преговори за нов дуел на 18 мај во Њујорк, но неодамна Фјури потпиша договор со телевизија „ЕСПН” за емитување на неговите натпревари во САД, а Вајлдер има долгорочен договор со конкурентскиот канал „Шоутајм”, што може да се претвори во сериозна пречка за организирањето на средбата.