Поранешниот адвокат на Трамп: Тој е расист и измамник

Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, денеска го почна сведочењето пред членовите на одборот за надзор во Претставничкиот дом на Конгресот.

Коен го нарече Трамп расист и измамник, тврдејќи дека претседателот за време на кампањата за изборите пред три години преговарал за изградба на облакодер во Москва, но за тоа лажел пред народот.

Тој тврди дека Трамп знаел оти неговиот советник Роџер Стоун бил во контакт со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, и знаел дека хакираните пораки на е-пошта на Демократскиот национален комитет ќе бидат објавени.

Коен вели дека Трамп не очекувал победа на изборите и повеќе ги гледал како можност за маркетинг.

Адвокатот раскажа дека Трамп побарал да им исплати пари на две порноактерки за да молчат за аферата со него.

Поранешниот личен адвокат на Трамп вели дека нема директни сознанија за врските на изборниот штаб на Трамп и Русија, меѓутоа има сомневања.

Трамп уште пред почетокот на распитот на Коен изјави дека тој лаже. Коен ќе стане сведок од највисок профил кој сведочел против претседател на функција од 1970-тите години, по скандалот „Вотергејт“.

Треба да знаете
Последни објави