Ќерката на познатата манекенка Синди Крафорд, Каја Гербер, била главна ѕвезда на модната писта на „Iv Sen Loran“ на модната недела во Париз.
Каја има само 17 години, а веќе носела бројни ревии на познати дизајнери. За време на минатата модна недела во Париз, младата манекенка носела креации од модната куќа, а кратките тоалети ja откриле нејзината кршлива манекенска градба.
Иако во последнте години во модата се преферира нормален женски изглед, изгледа светските модни брендови и понатаму вработуваат исклучиво слаби модели.
Обожавателите на Каја досега многупати ја критикувале поради преслабата градба, тврдејќи дека дури ниту нејзината мајка Синди, која беше една од најпопуларните супермодели на сите времиња, никогаш не била толку слаба.