Средба на државниот секретар Димовски со делегација на МНР на Грција

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски денеска оствари средба со делегација на Министерство за надворешни работи на Грција, предводена од Јанис Брахос, генерален секретар за меѓународни и економски односи.

– На средбата беа разгледани можностите за унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, а посебно на економски план. Двете страни ставија акцент на придобивките од Преспанскиот договор и неговата натамошна имплементација во функција на интензивирање на севкупната соработка меѓу двете пријателски и соседни земји, соопшти МНР.

Министерството наведува дека на средбата била постигната согласност да биде изработен Акциски план во кој ќе бидат нотирани активностите во претстојниот период, а кои ќе придонесат за оформување договорна рамка на соработка, како и временската рамка за идните чекори за нивна имплементација.

Државниот секретар Димовски беше домаќин и на работниот ручек за грчката делегација, на кој беа поканети и градоначалниците на општините од пограничните региони со Република Грција. На средбата беше разговарано за можностите за воспоставување поблиска сoработка со грчките погранични општини, како и за користење на грчките искуства при апликацијата за европските фондови за погранична соработка.

Треба да знаете
Последни објави