Во Романија од почетокот на сезоната на грипот починаа 158 лица, соопшти Националниот центар за надзор и контрола на заразни болести од Националниот институт за јавно здравје.
Последно починал 84-годишен маж, кај кого бил дијагностициран вирус на грип од типот А, пренесе романската агенција „Агерпрес“.
Како што се наведува, жртвите на грипот главно имале здравствени компликации пред заболувањето или не биле вакцинирани.