Познaт италијански новинар објави вистинска трансфер „бомба“. Тој тврди дека Интер веќе го продале напаѓачот Мауро Икарди и тоа а најголемиот ривал Јувентус.
Покрај ова се тврди дека Наполи понудиле подобри услови за Икарди. Наводно, првиот човек на Наполи, Еурелио Де Лаурентис, на Аргентинецот му понудил годишна плата од девет милиони евра и плус дополнителни два милиони низ разни бонуси.
Сепак Интер одлучиле да ја прифатат понудата на Јувентус. Спортскиот директор на „старата дама“, Фабио Паратичи ги договорил условите, а Икарди се согласил да се пресели во Јувентус.
Не е познато колкава сума Јувентус треба да издвојат за трансферот. Се претпоставува дека ќе биде испочитувана откупната клаузула од 110 милиони евра.